Намрштени се.
Можеби
размислуваат за војните на исток
или блиското
насилство над хомосексуалците.
Намрштени се
зошто се чувствуваат бескорисно
кога не можат да
помогнат, мора да е тоа...
Тапкаат со
стапалата по земјата толку силно
мислиш под нозете
гледаат
неправди, насилство,
глупост и
разврат.
Сигурно
размислуваат
за нешто важно,
што ни ги
загрозува животите
и не прави
нелуѓе.
Зошто инаку би
биле намрштени
додека само
чекаат некого или нешто?
Сигурно
размислуваат...
No comments:
Post a Comment