Знам зошто не треба да ти верувам,
ти си сега онаму каде што јас бев,
но не со тебе,
не и со твоите.
Се свиткував како фетус,
од болка
која ја вбризга во
моите вени.
Сега конечно научив да заминам
за да бидам на сигурно.
Ме научија да заминам,
за да бидам на сигурно.
Да се разбудам,
од се што до сега
сонив.
Замок од перници
изградив со пријатели
со душа на деца.
Еден ден и ти ќе се разбудиш
и ќе се свиткаш,
барем на момент,
исто како фетус,
за се што пропушти.
No comments:
Post a Comment