Насмевка
надојде
по погледот
зад рамо
како ‘рскавична риба по месо.
Се поздравив
со рака,
со копнеж,
небаре
душата ти ја давам.
Можеби се
знаевме,
само долго
не сме се
виделе.
Под бистро небо,
чистина
впиваа
нашите тела
додека се
кротевме на Сонцето,
запознавајќи
се.
Зашеметени мисли
и радосни очи.
Мислиш,
сме го испиле цело небо.
Ја сакаш ли “Малиот принц”?
Те
молам...припитоми ме!
No comments:
Post a Comment