Ме нервираат
постојани ветувања.
Ме нервира кога
некој
не аргументирано
напаѓа
и наметнува свое
мислење
како најпаметен
на светот.
Ме нервира кога
некој
што почитува
искреност
не е искрен кон
себеси и другите.
Ме нервира кога
некој
го омаловажува
мојот труд.
Ме нервира кога
луѓе што не
читаат
ми делат совети
за книги.
Ме нервира гужва.
Ме нервираат
кавги и тепачки.
Ме нервира
насилство
на здравиот
разум.
Ме нервира
простотилак.
Ме нервира кога
некој
ме прекинува во
важен момент
и ја заборавам
целта.
Ме нервира кога
некои зборови
ме потсетуваат на
тебе
а ти не си тука.
Ме нервираат
многу нешта
ама во глобала
не сум нервозна
личност.
No comments:
Post a Comment